Андерсон Силва тренира со членови на племе (ВИДЕО)

Anderson-Silva-i-pleme

Поранешниот шампион во средна категорија, Андерсон Силва, некогаш важеше за еден од најголемите ММА борци на сите времиња. Многу години се чинеше дека е непобедлив и недопирлив во кафезот. Се додека не се појави Крис Вајдман.

Андерсон Силва во 2006 година стана шампион во средна категорија на УФЦ, кога го победи Рич Френклин на УФЦ 64. По ова десет пати ја одбрани титулата и имаше 17 победи во низа. Крис Вајдман го шокираше ММА светот кога го нокаутираше шампионот, а во реваншот Силва имаше сериозна скршеница на ногата.

Враќањето беше против Ник Дијаз, а на крајот се покажа дека Андерсон Силва бил позитивен на недозволени средства, затоа беше суспендиран една година.

Но навивачите на ММА ги паметат на неговите борби од времето кога беше шампион, а од тоа време доаѓа и едно видео каде што Андерсон Силва тренира со членови на едно племе.

Во секој случај, тоа е едно интересно видео кое се вреди да се погледне, ако некогаш сте го пропуштиле.

https://youtu.be/iW798P5tN6Y

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО