Андерсон Силва се врати во рингот со победа над поранешниот светски првак

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија и едно од најголемите имиња во историјата на ММА, Андерсон Силва, се врати во боксерскиот ринг 16 години по неговиот последен меч.

Бразилецот со поделена одлука (75-77, 77-75, 77-75) го победи Хулио Цезар Чавез јуниор на меч што се одржа синоќа во Гвадалахара, Мексико. Пајакот преовладуваше над поранешниот светски шампион и син на легендата Хулио Цезар Чавез.

46-годишниот Силва прикажа доста добри работи со потешките ракавици и целосно го заслужи триумфот. Иако пред судирот беше аутсајдер, Јужноамериканецот успеа да ја забележи втората победа во неговите три боксерски меча во професионалната кариера.

Средбата беше во категорија до 82,5 кг, бидејќи 35-годишниот Мексиканец уште еднаш не успеа да дојде до однапред договорениот лимит. Борбата беше во осум рунди, а од почетокот на средбата обратниот гард на Силва им зададе многу проблеми на далеку поискусните од двајцата боксери.

Предната рака на Бразилецот беше скоро секогаш на целта, а на моменти дури и се исмеваше со Чавез, кој изгледаше како се друго, освен поранешен светски шампион.

По победата, сонародникот на Хулио Цезар Jуниор, Сол Алварез, лично му честиташе на Силва за прикажаното во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО