Андерсон Силва: Престанав да земам лекови за да не се навлечам!

anderson teretana

Откако закрепна од сериозните повреди поранешниот шампион во средна категорија, Андерсон Силва, на 31 јануари ќе се врати на октагонот. На спротивната страна ќе биде Ник Дијаз.

 Иако успешно закрепна од повредата и е подготвен за натпреварот Андерсон Силва секогаш ќе се сеќава на повредата која ја заработи на мечот со Крис Вајдман.

 „Пред повредата мислев дека сум навикнат на болки, но сфатив дека не е така. Се надевам дека никогаш повеќе нема да се почувствувам таква болка. На Никого не му го посакувам тоа. Тоа е ужасна болка. Јас сега сум во ред, но пред неколку месеци имав големи болови. Зедов многу силни антибиотици и лекови за болка. Мислев да земам нов лек, но решив да престанам. Не станав зависник. Но,се чувствував депресивно и психички слаб. Од лекови бев мамурен и решив да престанат со земање на лекови за да не се навлечам на нив. Ја наполнив кадата со мраз и кога ќе ме заболеше ногата ја ставав во мразот. Бол, мраз! Бол, мраз! Тоа беше подобро“, рече Андерсон Силва.

 Дана Вајт неодамна изјави дека Силва, во случај на победа против Ник Дијаз, ќе добие уште една шанса да ја нападне титулата, а можно  во тој меч повторно да го чека за Крис Вајдман.

 „Ако повторно се борат за титулата против Вајдман, тоа ќе го направам без никакви проблеми“, консттираше Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО