Андерсон Силва го знае датумот на враќањето и името на противникот

anderson silva selfi

Андерсон Силва и Фабрицио Вердум се наоѓаат во Русија, поточно во Дагестан EFN настанот каде што шампионот на Белатор, Виталиј Минаков, го совлада Џеронимо дош Сантош.

Додека неговиот колега од иста борба од УФЦ 183, Ник Дијаз, за многу помал прекршок од користење на стероиди е казнет со суспензија, што практично значи крај на неговата кариера, додека поранешниот шампион веќе знае кога и каде ќе се врати на борилиштата.

Во текот на преносот Андерсон Силва даде интервју во кое вели дека ќе се борби во април следната година на настанот во Куритиба. Тој рече дека мисли  оти негов противник ќе биде Мајкл Биспинг.

Рече дека на истиот настан ќе се бори и Фабрицио Вердум, што значи дека тогаш ќе треба да го брани појасот во реваншот со Каин Веласкез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО