Андерсон Силва: Џејк Пол беше подобар од мене!

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Андерсон Силва го коментира својот пораз од Џејк Пол.

Двајцата се бореа измнатиов викенд во Аризона. Борбата траеше сите 8 рунди и заврши со победа на Пол со едногласна одлука (77-74, 78-73, 78-73).

Џејк успеа да го собори Силва во 8. рунда. Многу луѓе очекуваа Силва да го тестира Пол, но Џејк беше непогрешлив.

Легендата на УФЦ изјави дека Џејк бил подобар од него. Поразот од Пол беше прв за Силва во боксот од 1998 година.

„Види, беше тешко да се влезе во рингот и да се бориш со овој човек. Навистина дадов се од себе.

Напорно тренирав секој ден. Џејк Пол беше само подобар од мене денес. Не можам да кажам ништо лошо за мојот противник.

Мислам дека сите треба да го почитуваат ова момче бидејќи тој си ја работи својата работа подобро од кој било друг“, изјави Силва за ММАЏанки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО