Андерсон Силва: Два пати ме нокаутираа на спаринг

Легендата на борбечките спортови и поранешен светски шампион на УФЦ, Андерсон Силва, двапати беше нокаутиран во спаринг. Бразилецот сам ја откри веста, непосредно пред мечот со Џејк Пол.

47-годишниот ветеран викендов во Аризона ќе боксира со блогерот. „Пајакот“ изјави дека неговиот тренер имал луѓе со кои тренирал да го нападнат со полна сила за да му дадат илузија дека лесно ќе победи на претстојниот меч.

„Тренирав толку напорно што на мојот последен спаринг партнерот двапати ме испрати на подот и ме нокаутира. Кога го завршив тренингот разговарав со тренерот и го прашав како се случи ова. И тој ми рече: „Мораш да бидеш подготвен за војна и подготвен си за војна“. Среќен сум поради тоа“, изјави Силва, неколку дена пред мечот со Џејк Пол.

Неговиот тренер Луис Дореа прецизираше: „Мило ми е што успеавме се да завршиме како што планиравме. Андерсон имаше одлични сесии. Тој е 100 отсто подготвен за тоа“.

„Пајакот“ ќе се обиде да ја прекине победничката серија на Џејк Пол од 5 борби во боксерскиот ринг. Тој е првото посериозно име што знае да боксира кое ќе се спротивстави блогерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON