Андреј Стојчевски со три, Филип Стојанов со две победи СП во карате

Андреј Стојчевски и Филип Стојанов се најсупешните каратисти од Македонија на Светското карате првенство за кадети јуниори и У-21 во Коња, Турција, во кадетска кнкуренција.

Стојчевски извојува три победи, а во четвртата загуби од Јапонецот Таијо Накамура 1-1, затоа што противникот прв освои поен.

Филип Стојанов имаше две победи, а во третата поведе 2-0 против Карим Ахмед од Египет, кој му изедначи 2-2 и со уро-маваши извојува победа од 2-5.

Марко Филиповски стигна до репасаж, но загуби со 0-3, како и првата борба.

Од настапот во кати најдобар впечаток остави Кристијан Бајовски кој се пласира во третиот круг.

Денес треба да настапат уште Катја Апостоловска и Драгана Ефтимовска.

На СП настапуваат 1859 каратисти од 105 држави.

Резултати СП:

Кадети
Ката
Данка Стојкова 21,8 8-ми резултат во групата
Нуредин Дервиши 20,6  5-ти резултат во групата

Борби
-47 кг
Катја Апостоловска – Супичаја Тигванг (Тајланд)/ Џејдах Бацка (Албанија)

-54 кг
Драгана Ефтимовска – Александра Зуемерова (Словачка)

+54 кг
Мируше Речи – Валери Видес (Колумбија) 3-1
Мируше Речи – Ерини-Грегорија Кацика (Грција) 0-0

Мажи
-52 кг
Адријан Зекири – Џое Галагер (Шкотска) 0-0

-57 кг
Андреј Стојчевски – Тајлер Ли (Канада) 3-1
Андреј Стојчевски – Кадек Анга Прадита (Индонезија) 0-0
Андреј Стојчевски – Сеига Брионес (САД) 0-0
Андреј Стојчевски – Таијо Накамура (Јапонија) 1-1

-63 кг
Филип Стојанов – Винициус Тамура (Бразил) 0-0
Филип Стојанов – Давид Стеин Еинарсон (Исланд) 0-0
Филип Стојанов – Карим Ахмед (Египет) 2-5

-70 кг
Марко Филиповски – Алихан Кадригали (Казахстан) 0-3
Репасаж
Марко Филиповски – Талах Мерах (Алжир) 0-3

+70 кг
Лука Бацковиќ – Омар Метвали (Египет) 0-1

Јуниори
ката
Анастасија Минговска 22,32 8-ми резултат во групата
Марио Димчевски  21,4 6-ти резултат во групата

У-21
Кати
Мартина Арсовска 21,8 6-ти резултат во групата
Кристијан Бајовски 23,74 прв во група, 24,28 втор круг трет, 22,2 трет круг 8-ми

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО