Амир Кан (Англија) се закани дека ќе бара реванш против Дани Гарсија (САД).
Првиот нивен меч беше во 2012 година. Тогаш Американецот победи со нокаут во четвртата рунда, а средбата беше за две од светските титули во полусредна категорија. Хан доминираше пред да добие контра кроше.
Гарсија се уште нема пораз. Тој има 32 победи (18 со нокаут). Билансот на Хан не е толку импресивен – 34 победи (19 со нокаут) и 4 порази, но тој боксираше против посериозни ривали. Во последниот натпревар Англичанецот беше нокаутиран од Сол Алварез.
„Сакам да се борам со Дани Гарсија, бидејќи тој е шампион на Светскиот боксерски совет. Јас сум на првата позиција на ранглистата“, објасни Кан.
Се очекува Хан наесен да се врати во рингот. Овој меч лесно може да се случи, бидејќи и двајцата боксери имаат договор со моќниот советник Ал Хејмен.