Американски боксер нокаутира противник по допирот на ракавиците (ВИДЕО)

Американскиот боксер во лесна категорија Рубен Торес (19-0, 16 КО) се сретна со Кристијан Баез (18-2, 17 КО) и го нокаутира откако ги допреа ракавиците.

Скандалозната епизода се случи за време на боксерската вечер одржана минатиот викенд во градот Корона (Калифорнија, САД).

Во седмата рунда, судијата му броеше на Баез и ја продолжи борбата. Торес му подаде ракавица на противникот, принудувајќи го да возврати на гестот. Сепак, по ова следеше лево кроше кое го испрати Венецуелецот на подот во тежок нокаут.

По борбата Торес на социјалните мрежи беше критикуван од фановите, кои го споредија неговиот чин со нокаутот во борбата Флојд Мејведер – Виктор Ортиз, која се случи во септември 2011 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО