Алистер Оверем ќе го прави последниот поход на титулата

Легендарниот борец Алистерr Оверем ќе го направи последниот поход кон титулата во тешка категорија на УФЦ.

40-годишниот борец е поранешен шампион на Страјкфорс, Дрим и К-1. Тој е поранешен предизвикувач за титулата  на УФЦ, па во 2016 година ги одмери силите со Стипе Миочиќ.  Водеа тешка битка, која Миочиќ ја доби со нокаут на крајот од првата рунда. Нивната борба беше избрана за борба на вечерта и им донесе бонус по илјади на двајцата спортисти. По таа борба, Оверем победи на 5,еча и загуби на 3 од неговите борби во УФЦ.

„Рем“ забележа голема победа со нокаут во мај оваа година над Волт Харис. Така, од овие победи три беа со нокаут 3 во последните 4 борби. Алистер е единствениот борец што освоил титули во Страјкфорс, К-1 и Дрим. Тој исто така е еден од двајцата што стана шампиони во ММА и во кик бокс. На социјалните мрежи Оверем изјави дека тргнува на последниот марш до златото.

https://www.instagram.com/p/CCGzch0A7U3/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCEdLrJgKjl/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО