Алим Нсуфи поразен од Молдавецот Караван на Европското првенство

Алим Насуфи (67 кг) дебитираше на Европското првенство во бокс за сениори во Белград. Насуфи ги одмери силите со Молдавецот Јануш Караван и загуби со судиска одлука 0-5.

Алим не беше во подредена улога, туку активно се бореше и напаѓаше до крајот на борбата, но се чини дека противникот беше попрецизен. Неколку силни удари поминаа покрај Јануш, ако го погодеа Алим ќе беше во подобра позиција за победа.

Така, останува да го чекаме настапот на Арјан Исени во четвртфиналето со домашниот боксер Растко Симиќ. Со победа обезбедува бронзен медал.

На ЕП учествуваат 401 боксер, 263 во машка конкуренција и 138 во женска, од 33 држави.

Резултати – Европско првенство:

67 кг
Алим Насуфи – Јануш Караван (Молдавија) 0-5

80 кг
Арјан Исени – Михаил Цамалидис (Грција) 3-2
Арјан Исени – Рафаел Ховхансијан (Ерменија) 3-2
Арјан Исени – Растко Симиќ (Србија) 24 април

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО