Алили поразен во репасажот на СП, од Белград се враќаме без медал

И последната македонска надеж за медал на Светското првенство во борење, слободен стил, во Белград, пропадна. Младиот борач Бесир Алили (-61 кг) во првиот репасаж-филтер не успеа да дојде до борбата која можеше да му донесе пласман во трка за бронзаниот медал.

Алили кој вчера загуби од вицешампионот Реза Атринахарчи од Иран, денеска во првиот репасаж за противник го доби Ислам Базарганов од Азербејџан, кој салавеше со 1-5.

Со тоа завршија сите настапи на нашите борачи на Светското првенство од кое се враќаме без медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО