Али Абделазиз: Хабиб ќе го скрши Оливеира во првата рунда

Али Абделазиз верува дека поранешниот шампион Хабиб Нурмагомедов лесно може да се справи со Чарлс Оливеира, кој го наследи на тронот. Оливеира ја освои слободната титула во лесна категорија откако го нокаутира поранешниот шампион во Белатор, Мајкл Чендлер.

Оливеира е рекордер по победи со завршница, односно принуда во УФЦ. Има 14 победи со принуда во УФЦ и вкупно 17 со завршница под знамето на организацијата.

Чарлс има рекордни 31-8-1 во ММА и е во серија од 9 последователни победи. Тој ги победи Тони Фергусон и Кевин Ли, кои беа убедени дека можат да се справат со Хабиб Нурмагомедов.

Абделазиз го пофали Оливеира, но не смета дека е меѓу најдобрите во лесна категорија. На објавата на Мајк Тајсон, Абделазиз излезе со изјава за лесна категорија во УФЦ.

„Верувам дека Хабиб е најголемиот на сите времиња. Никогаш не изгубил рунда и никогаш немал модринки во борбата. Хабиб немаше повреда и никогаш не беше допрен.

Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер не се едни од најдобрите. И двајцата се премногу назад. Најдобри во лесна категорија во моментов се Џастин Гејџи и Пориер. Оливеира е добар борец, но Хабиб е одличен.

Постојат нивоа во борбата. Хабиб ќе го победи во првата рунда. Хабиб ќе го здроби затоа што Оливеира е борец кој крши. Хабиб е борец кој ги крши своите противници“, изјави менаџерот на Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON