Али Абделазис: Махачев нема да одбие борба со Конор Мек Грегор

Познатиот спортски менаџер Али Абделазис, кој ги застапува интересите на рускиот шампион на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев, зборуваше за потенцијалната борба на неговиот клиент со Ирецот Конор Мек Грегор. Али откри дека Ислам нема да одбие таква борба иако Конор е влечко.

На почетокот на овој месец Ислам го задуши Дастин Пориер и ја одбрани титулата по 3-ти пат. Сега ќе паузира, но сака уште еднаш да се бори оваа година. Махачев беше доста активен во медиумите околу борбата со Пориер и самиот изјави дека го сака Мек Грегор.

Ислам гледа во Ирецот лесни пари, кои тој е подготвен да ги собере. На крајот на месецот Конор ќе се врати да се бори со Мајкл Чендлер. Ислам ќе ја следи оваа борба за да види како ќе настапи Ирецот.

„Борбата меѓу Махачев и Мек Грегор? Тоа е многу можно. Тоа е луд спорт. Конор може да го нокаутира Чендлер во првата рунда и тогаш сите ќе почнат да велат дека тој е една од најголемите ѕвезди во ММА. Сакал или не, ова е Конор.

Ако му каже на УФЦ „Еј, сакам борба за титулата“, Ислам нема да каже не. Тој нема да ја одбие таа борба. Мек Грегор е влечко, но тој е и огромна ѕвезда. Не може да го одземете тоа од него“, рече Абделазис за Махачев-Мек Грегор.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО