Секој сака парче од Конор Мек Грегорr и кога станува збор за него има еден човек кој секогаш има мислење. Али Абдел Азис кој е голем критичар на Ирец секогаш има што да каже за него и ретко работите што ги кажува се убави. Двајцата се во сериозни непријателски односи, дури Мек Грегор изрази желба да се бори со него во октагонот. Навредите и нападите меѓу не престануваат,а неодамна Азиз одлучи повторно да отвори тема со Конор Мек Грегор. Али му нашол противник и верува дека неговиот борец Џастин Гаетје може да се справи со Ирецот.
„Битката меѓу Џастин Гаетје и Конор Мек Грегор ќе биде како да заколеш прасе. Мек Грегор ќе вика и ќе биде црвен и син пред крајот на мечот. Неговите нозе ќе му бидат во бојата на виножитото. Неговото лице ќе му биде како диња. Лицето ќе му биде црно и црвено. Ќе му дадеме малку боја на ова бело момче. Ќе му дадеме црвена боја.
Џастин Гаетје ќе му го изеде срцето. Мек Грегор, едноставно е Интраграм модел, кој секогаш сака внимание. Тој оди во салата и го прскаат со вода, за да изгледа како да тренирал. Тој не тренирал, бидејќи кога тренираш, тогаш ги добиваше борбите. Мек Грегор не победил од 1996 година“.