Џон Џонс: Даниел Кормиер пак ќе го победи Стипе Миочиќ

Џон Џонс зборува  во суперлативи за својот жесток противник Даниел Кормиер. Боунс верува дека ќе ја одбрани титулата во тешка категорија на средбата против Даниел Кормиер во главната борба на УФЦ 241 што ќе се одржи во август.

ДК изрази желба да се бори против Џонс и може да ги видиме повторно во кафезот на крајот од годината. Џонс ја коментираше и претстојната битка меѓу Миочиќ и Кормиер.

„Мислам дека овој пат Стипе подобро ќе претстави, но Даниел повторно ќе победи. Кормиер е извонреден спортист. Неговата агилност и брзина немаат смисла ако ја погледнете неговата структура. Тој е специјален спортист.

Не мислам дека има многу борци кои можат да го поразат. Единствениот начин да го победите е нокаут и дефинитивно Миочиќ има сила да го постигне тоа. Може да го удри? Кормиер е премногу паметен. Ќе ја искористи својата борба и ќе најде начин да победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО