Ален Рустемовски против Ескобар во полуфиналето на Белградски победник

Ален Рустемовски во полуфиналето на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“ ќе се бори со Шпанецот Габриел Ескобар.

Борбата за влез во финалето е утре, а вториот полуфинален меч е меѓу Едуард Савин од Русија и Хамаруи Лунес од Франција.

Турнирот е генерална проба пред Европско првенство за сениори од 18 до 28 април во Белград.

Мината година Рустемовски го освои 3-то место, а оваа година цели да биде победник.

Резултати – Белградски победник:

57 кг
Полуфинале
Ален Рустемовски – Габриел Ескобар (Шпанија)

63,5 кг Дион Лена – Аљаз Сирцеј (Словенија) 1-4  1/8 финале
71 кг Алим Насуфи – Ромео Буза (Унгарија) 1-4  1/8 финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО