Петар Заборски и Петар Спасеновски ќе настапат светската Карате 1 Премиер лига во Анталија

Карате репрезентативците Петар Заборски (-75 кг) и Петар Спасеновски (-84 кг) од Макпетрол од петок до недела ќе настапат светската Карате 1 Премиер лига во Анталија, Турција.

Тие се единствените македонски каратисти кои обезбедија норма да бидат во 32-та рангирани каратисти на ранг-листатана ВКФ (Светската карате федерација), за учество на Карате 1 Премиер лигатаво Анталија, Турција.

На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето.

Светската Премиер карате лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти. Во Анталија ќе учествуваат вкупно 377 спортисти од 60 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО