Александра Неделковска: Целта на Каиџи е кикбоксот да стане олимписки спорт!

Александра Неделковска и Салим Каиџи
Александра Неделковска и Салим Каиџи

Претседателот на Македонската кик бокс федерација, Александра Неделковска, учестуваше во работата на Бордот на директори на ВАКО – Европа и ВАКО – Свет во Турција, каде што се разгледуваа новите правила во кик боксот, но и новите медицински правила, кои беа прифатени. Исто така е избран и нов в.д. претседател на местото од Еспен Лунд, тоа е Салим Каиџи од Турција.wako-if-meetting-istanbul-2015

-Неговата примарна цел е влез на кикбоксот на Олимписките игри и ФИСУ (Светската универзитетска организација), учество на Универзитетските игри во Бугарија. Бордот на директори на ВАКО Европа работи за влез на кикбоскот како дел од Светските воени игри, Медитеранските игри, – истакнува Неделковска, како член на Бордот на директори.

Неделковска врува во способностите на претседателот на Турската кик бокс федерација, сега и в.д. претседател на ВАКО, Салим Таиџи.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО