Каква приказна: Последниот боксер што го победи Мејведер денес е сиромав и невработен! (ВИДЕО)

serafim-todorov-posledniot-bokser-koj-go-pobedil-flojd-mejveder

Како што се наближува историскиот меч меѓу Флојд Мејведер и Мени Пакијао, кој е закажан за 2 мај во МГМ арената во Лас Вегас, така се почесто ќе се среќаваат приказни поврзани со минатото на двајцата ветерани кои ќе бидат дел од она што многумина го нарекуваат „борбата на векот“.

Една од тие приказни, која ја објави „Њујорк тајмс“, е и таа за последниот боксер кој успеал да му нанесе пораз на Мејведер, нешто што се случи во полуфиналето на олимпискиот турнир во Атланта 1996 година. Тоа е поранешниот бугарски боксер Серафим Тодоров, кој во тоа полуфинале во перо категорија беше подобар од фаворитот Мејведер, спречувајќи го пред неговата публика да се закити со олимписко злато.

Серафимов во финалето загуби од Сомлук Камсинг од Тајланд, но и тој успех му беше доволен од тоа и ден-денеска да живее во својата Бугарија. Поточно, Тодоров живее од месечната плата од 500 евра, која му следува од државата како заслужен спортист. Тој пред некое време својата куќа во Пазарџик морал да ја продаде и да купи помал стан.

„Живеам само од помошта која ја добивам од државата, но ни таа не ми е доволна, затоа што никој во моето семејство не е вработен. Јас ги плаќам кредитите и сметките. Тешко е, затоа што ова е мало место и нема многу работа“ – рече Серафимов во разговорот со британски „Сан“.

„Тој имаше само 19 години, јас бев многу поискусен. Јас победив сите Руси, сите Кубанци, некои Американци, Германци, олимписки шампиони. Сите ги претепав,- се фали Тодоров и додава: „Бев многу паметен. Се боксирав убаво и атрактивно. Треба да се биде уметник во рингот. Јас сум“.

Сепак, тој имаше една голема мана, која чинеше и да не ја реализира професионалната кариера – тој сакаше жени и алкохол. На тоа се сеќава и неговиот тренер од тоа време, Георги Стоименов.

„Ги сакаше многу жените и ракијата. На натпреварувањата спиевме заедно во соба, а една ноќ Тодоров кришум излезе  низ прозорецот. Тој скокна неколку ката подолу за да биде со женскиот спортски тим“, се сеќава Стоименов.

Ниту Тодоров не го негира тоа. Отворено признава дека повеќето од тоа го одработил благодарејќи му на талентот што го имал. Не сакал да тренира.

„Пред Атланта јас тренирав само три недели. Но, сепак доминирав на Олимпијдата. Во првите три средби противници ги победив на поени 45-18. До четвртфиналето не го гледав Мејведер“, се сеќава тој.

Сепак, не негира дека на мечот беше изедначен и дека Мејведер лесно можел да победи.

Колку за споредба, богатството на Мејведер се проценува на 280 милиони долари, а тој само од борбата со Пакјао би требал да заработи најмалку 150 милиони долари.

https://youtu.be/yo3Ar538Sf4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО