Александар Волков: Јас треба да сум следниот што ќе се бори за титулата во тешка категорија

Рускиот борец Александар Волков, кој е втор на ранг-листата на УФЦ во тешка категорија (до 120 кг), изјави дека се смета себеси за најзаслужен следен предизвикувач за шампионскиот појас.
„Знам дека ова не беше мојот најимпресивен настап, но кој друг заслужува да се бори за титулата? Не гледам никого во моментов. Можеби Алмеида? Не. Картис Блејдс? Тој исто така загуби од Аспинал. Не можам да именувам никого друг. Јас треба да бидам следниот предизвукувач за титулата“, изјави Волков за ТНТ Спортс.
Русинот, исто така, коментираше за можноста Алекс Переира да се искачи во тешка категорија: „Ќе видиме што ќе се случи со Переира. Секако, тој сака да се искачи во тешка категорија. Но, ако сè остане вака како што е сега, јас сум тој што треба да се бори за појасот“.



