Мани Пакијао навести дека е можен реванш со Флојд Мејведер

Боксерската легенда Мани Пакијао навести можен реванш со Флојд Мејведер следната година. Двајцата се бореа во меч прогласен за „Борба на векот“ во мај 2015 година за апсолутна светска титула во велтер категорија. Мејведер победи со едногласна одлука.
И двајцата се пензионираа од боксот, но не се далеку од боксот, при што Мејведер учествуваше во неколку егзибициски борби, а Пакијао се врати во професионалниот спорт во јули оваа година. Тогаш му го отстапи појасот на Марио Бариос во велтер категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) откако борбата заврши нерешено. Еден месец претходно Филипинецот беше примен во Боксерската куќа на славните.
„Во моментов се водат многу преговори за мојата следна борба – постои можност тоа да биде реванш со Флојд Мејведер. Тешко е да се предвиди што ќе се случи. Чекам конечен исход од преговорите. Би било одлично повторно да се борам со Флојд“, рече Пакијао, кој е светски шампион во осум различни категории на тежина – од мува до супер велтер категорија.
Сега е фокусиран на професионалното деби на неговиот син Жимуел Пакијао, кој на 29 ноември ќе се соочи со Американецот Брендон Лали во Калифорнија.
„Возбуден сум, но и загрижен за мојот син. Доцна почна да боксира, но тоа е негова страст, па ќе го поддржам. Се молам за него борбата да му биде безбедна“, рече Мани.



