АктуелноМеѓународна сценаММА

Александар Волкановски за својот нов меч: Мислев дека тој е следен, но се појавија пречки

Австралијанецот со македонски корени откри дека преговорите за неговата следна одбрана на титулата одат потешко од очекуваното.

Иако се чинеше дека Александар Волкановски и Лерон Марфи ќе ја дочекаат 2026 година со голема борба за титулата во перо категорија, австралискиот шампион со македонски корени предупредува дека договорот сè уште не е официјално склучен. За потсетување, натписите од крајот на ова лето го сугерираа токму тоа.

Откако ја освои титулата по втор пат на настанот УФЦ 314, Волкановски трпеливо чекаше ситуацијата во неговата дивизија да се реши. Мовсар Евлоев сè уште е во еден вид неизвесност, Жан Силва беше тешко поразен од Диего Лопез (кого Волкановски го победи во април за слободниот појас), а поранешниот ас на Белатор, Арон Пико, се сопна на своето деби против Марфи. Сето ова доведе до логичен меч против непоразениот Англичанец, за кој самиот Волкановски го навести за декември. Но, сега доаѓа студен туш.

„Тешко е, мислев дека тоа ќе биде следно, но се чини дека се појави пречка“, изјави Волкановски за Сабмишн радио.

Алекс додаде дека враќањето може да се случи веќе во февруари, и тоа пред домашна публика.

„Февруари во Сиднеј, се запраша.

Лерон Марфи брзо одговори преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека сè уште се гледа себеси како следен предизвикувач, без оглед на датумот.

„Не ми рече „не“. Мислам дека мислеше на датумот. Ќе бидам подготвен кога и да е. Да почекаме и да видиме“, рече Марфи, пред да ги избрише своите објави.

Марфи (18-0-1) има серија од девет победи во УФЦ, од кои последната беше во август кога брутално во првата рунда го нокаутира Пико. Пред тоа, со едногласна одлука ги победи ветераните како Едсон Барбоза, Ден Иге и Џош Емет.

Волкановски (27-4) моментално ужива во својот втор мандат. По пет успешни одбрани, ја загуби титулата од Илија Топурија, но кога Шпанецот се префрли во лесна категорија, Австралијанецот ја врати со победа во пет рунди над Лопез.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON