Александар Волкановски – првиот Македонец кој ќе се бори за титула на УФЦ

Вечерва, сабота спрема недела, за прв пат некој кој е по потекло од Македонија ќе се бори за титулата на претсижната ММА организација УФЦ. Александар Волкановски вечерва ќе ги одмери силите со шампионот Макс Холовеј на УФЦ 245 во Лас Вегас во перо категорија.

Волакновски кој го носи прекарот Александар Д’Грејт, односно Александар Македонски е во победничка серија 20-1-0, одамна не ја почувствувал горчината на поразот, а до шампионската борба дојде по победата над Жозе Алдо.

„Ќе бидам шампион и ќе останам шампион. Ќе го градам мојот бренд и потоа ќе живеам надвор од тоа. Вие го градите тоа наследство за да живеете надвор, но повторно да го правам тоа за моето семејство, не како наследство. Пробедата во една или две борби не е доволна за да се грижиш за семејството.Треба да победиш и победата да биде голема; да го освоиш појасот и да бидеш шампион“, вели Волкановски во интервју.

Волкановски вечерва ќе има поддршка од македонската заедница во САД и Канада, а Австралија ќе биде на нозе, но и во Македонија Алекс има многу приврзаници, така што сите со нетрпение сите го очекуваат неговиот меч за титулата.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО