Шампионот во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, покажа инспиративна фотографија од неговата трансформација.
Волкановски сега има 65 кг, но пред околу 10 години беше рагбист, а Австралиецот тогаш тежеше 97 кг.
Набргу потоа го откри ММА, почна да тренира и ослабе многу.
Шампионот објави фотографии на социјалните мрежи, споредувајќи како изгледал порано и сега.
Дефинитивно инспиративна трансформација.
— Alex Volkanovski (@alexvolkanovski) February 10, 2021
Иако Волкановски сега е шампион во перо категорија, кариерата ја почна во полутешка категорија, а потоа се бореше во лесна категорија. Волкановски во моментов е во најдобра форма и е меѓу најдобрите борци во УФЦ. Има победи над sвездите како Макс Холовеј, Жозе Алдо, Чад Мендез и други.
На 27 март се враќа во октагонот против Брајан Ортега на УФЦ 260 во коглавната борба.