Хабиб му го кажа последниот збор на Дана Вајт за кариерата

Хабиб Нурмагомедов и ја донесе конечната одлука за Дана Вајт, дали да ја заврши кариерата како ММА борец.

Ова се случи во личната порака пред една недела, призна Орелот, но одби да ја открие неговата содржина. Според него, Дана Вајт за брзо време сам ќе ја објави одлуката и тогаш сè ќе биде јасно.

„Фокусиран сум на моите големи проекти, имам четири или пет. Морам да им посветам време на нив. Што се однесува до мојата кариера како борец – не сакам да навлегувам во детали. Дана е искрена личност, секогаш сме имале отворен муабет. Мислам дека наскоро ќе ја сподели пораката со медиумите што му ја испратив пред една недела. Не е тајна, му реков како сакам да се развиваат работите, не само со мене, туку и со целата лесна категорија. Му реков дека не сакам да ја задржувам категоријата. Но, од друга страна, борците се активни и луѓето веќе разбираат кој може да се бори за титулата“, изјави Хабиб за руската телевизија „Меч “.

Тој ја коментираше и иднината на категоријата во која и понатаму е официјално шампион.

„Пориер заслужува да биде шампион. Ова е мое мислење. Погледнете со кого се бореше. Имиња како Милер, Еди Алварез, Ентони Петис, Макс Холовеј. Со мене и Конор – само врвни борци кои можат да завршат во Куќата на славните. Интригата ќе се појави кога ќе определат кој ќе се бори за местото на претендент. Засега не е јасно што мисли Дана. Но, очекувам летото да биде жешко во лесна категорија. Отсекогаш била најконкурентна и најинтересна, со најмногу sвезди. Летото ќе има промени… помладата генерација – Чендлер, Оливеира, Пори, Гејџи – добри борци. Ќе биде интересно со нив цела година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО