Пакијо почна со подготовките за враќањето во рингот

Филипинската легенда Мани Пакијао не заврши со големата сцена и ќе се бори барем уште еден меч под светлината на рефлекторите.

Ова го изјави боксерот, најавувајќи дека започнува тренинг камп за неговиот следен меч.

Пак-Ман не се борел од јули 2019 година, кога го совлада Кит Турман и ја освои ВБА титулата во полусредна категорија.

Сè уште не е познато против кого и кога ќе се бори феноменот стар 42 години и нема недостаток на кандидати за ривали.

„Тренинг кампот започна“, напиша Филипинецот на Твитер.

„Подготвен сум да се вратам на рингот и да додадам уште нешто на мојата боксерска историја. Наскоро ќе има големи вести“, рече тој.

Азиецот пред еден месец призна дека би сакал да се обиде против Конор Мек Грегор, но поразот на ММА ѕвездата од Дастин Порие уби сличен меч. И младата ѕвезда Рајан Гарсија пред неколку недели рече дека ќе се бори против Пакијао.

Мани исто така е посакуван противник од шампионот во средна категорија Ерол Спенс Јуниор и Теренс Крафорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО