Александар Волкановски е прв на ранг-листата „П4П“ на УФЦ

Камару Усман веќе не е прв на ранг-листата на УФЦ „паунд фор паунд“ по викендот. Досегашниот владетел во полусредна категорија падна за три места по поразот на УФЦ 278 против Леон Едвардс.

Нигериецот моментално е на четвртото место зад Чарлс Оливеира и вицешампионот Израел Адесања.

А на првото место на новата ранг-листа на УФЦ ‘П4П’ е Александар Волкановски.

Шампионот во перо категорија доминираше и го победи Макс Холовеј на почетокот на јули, а многумина веруваа дека Австралиецот со македонско потекло (од битолско) заслужи да се најде на врвот на тоа рангирање.

Новиот шампион во полусредна категорија Леон Едвардс скокна на шестото место на рангирањето зад шампионот во тешка категорија Френсис Нгану.

Стипе Миочиќ е на 13. место веднаш зад Џон Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО