Александар Велики Волкановски е најголем во историјата на УФЦ, го претепа Холовеј

Александар Волкановски конечно докажа дека е подобар од Макс Холовеј.

Двaјцата најдобри во перо категорија се пресметаа во коглавната борба на УФЦ 276, што се одржува во Лас Вегас. Александар ја заложи титулата, како и неговата долга победничка серија. Тој веќе имаше 2 победи над Холовеј, но нивните средби беа изедначени. Овој пат немаше ништо такво.

Во првата рунда, Макс почна да притиска и да задва лоу-кикови. Волкановски се држеше на дистанца. Макс постигна комбинација, a Волкановски удар. Ниски удари од Макс и размена на удари од телото. Оверхенд од шампионот. Макс се обидува со висок удар и Волкановски приземјува со десни крошеа. Размена на ниски удари. Макс се обидува со лакт од вртење на крајот од рундата, но ја промашува целта. Рунда за шампионот.

Во втората рунда Алекс започнува со оверхенд, а Макс одговара со лоу кик. Удар од шампионот и нов оверхенд. Се прицврстуваат на мрежата, а потоа Алекс удира со лакт. Десно кроше од Волкановски, му нанесува повреда над окото на Холовеј. Размена на ниски удари. Волкановски продолжува да биде поактивен и да ги има подобрите позиции. Тој е побрз од Холовеј, кој не може да влезе во ритам.

Во третата рунда Макс се обидува да притисне, но е далеку од своите најдобри перформанси. Во оваа рунда шампионот продолжи да доминира и да ги задава потешките и попрецизни крошеа. Лицето на Холовеј е покриено со крв од повредата на аркадата која постојано крвари. Едноставно, Алекс е чекор понапред од Холовеј кој не личи на себе.

Во последните две рунди доминација на Волкановски. Тој пласираше молскавични удари. Аркадата на Холовеј продолжи да крвари, а неговото друго око беше речиси затворено. Александар настапи на многу високо ниво, а Холовеј никогаш не изгледал толку лошо во октагонот. Макс е заслужен што се бореше до крај, но со ништо не покажа дека дојде да бара победа.

Борбата дојде до судиската одлука, која беше едногласна за Волкановски – (50–45, 50–45, 50–45). Со оваа победа Алекс ја завршува оваа трилогија во која ги доби сите 3 борби. Овој пат не остави сомнеж дека е подобар од Холовеј. Алекс сега има 22 последователни победи и 4 одбрани на титулата. Холовеј, пак, е во серија од 2 порази и загуби 3 пати од Волкановски во неговите последни 5 УФЦ борби.

Волкановски воедно стана и само четвртиот борец во историјата на УФЦ што ги добил првите 12 борби по легендите Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов. Тој воедно стана и првиот во историјата со три победи против еден ист противник во борби за титула.

Во интервјуто по борбата Волкановски повторно изјави дека сака да стане двоен шампион. Тој се закани дека ќе биде активен во двете категории доколку го освои појасот и во лесна категорија.

Резултати од настанот UFC 276:
Александар Волкановски – Макс Холовеј – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–45)
Алекс Переира – Шон Стрикленд – КО, Р1 (2:36)
Брајан Барберена – Роби Лоулер – ТКО, Р2 (4:47)
Педро Мунхоз – Шон О’Мели – без одлука, Р2 (3:09)

Воведни борби:
Џалин Тарнер – Бред Ридел – завршница (гушење со гилотина), Р1 (0:45)
Џим Милер – Доналд Цероне – завршница (гушење со гилотина), Р2 (1:32)
Јан Гари – Габриел Грин – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Дрикус ду Плесис – Бред Таварес – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Андре Муњоз – Урија Хол – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Мејси Барбер – Џесика Ај – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Јулија Столијаренко – Џесика-Роуз Кларк – завршница (армбар), Р1 (0:42)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WARIORZ. ™ (@war.iorz)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО