Алекс Переира со тежок нокаут во првата рунда над Стрикленд

Бразилската ѕвезда Алекс Переира самоуверено продолжи кон титулата во средна категорија.

Тој се соочи со Шон Стрикленд на главната карта на УФЦ 276 во Лас Вегас. Залог во борбата беше шанса за титулата во категоријата. Переира максимално ја искористи оваа можност и не му даде шанса на Стрикленд.

Шон мислеше дека може да му се спротивстави на поранешниот двократен шампион во кик-бокс лигата Глори, но направи голема грешка. Шон почна да притиска, а Переира задаваше удари и крошеа. Во средина на рундата Переира пласира лева бомба во брадата на Стрикленд и го собори.

Шон некако стана на нозе, но Алекс го пресретна со десно кроше и го испрати на подот легнат на грб. Переира победи со тежок нокаут во средината на првата рунда и речиси сигурно заработи шанса за титулата.

Со оваа победа Алекс има скор од 6-1 во ММА и победничка серија од 6 борби. Тој веќе има 3 победи во УФЦ и ќе влезе во топ 5 во категоријата. Стрикленд, пак, загуби низа од 6 последователни победи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC News Alerts (@ufcnewsalerts)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ScrambleMMA (@scramblemma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО