Александар Усик е особено среќен што боксира во Полска: Тоа е најблиску до мојот дом

Александр Усик ќе ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО на 26 август на стадионот Вроцлав во Полска.

Противник на украинскиот тешкаш ќе биде Британецот Даниел Дубоа, кој доби можност како задолжителен предизвикувач на ВБА.

Усик изјави дека со задоволство ги брани појасите блиску до својата татковина, која во моментов се брани од руската агресија.

„Патував низ целиот свет, а најмногу се борев во земјите на моите противници. Борбата во Полска ќе биде најблиску до мојот дом. Се надевам дека ќе уживате во настанот што ќе се одржи во Вроцлав на 26 август“, рече Александар Усик и додаде:

„Сакам да им се заблагодарам на сите што ја бранат Украина, бидејќи поради нив имам можност да ги бранам шампионските појаси. Земјата отсекогаш била добра со мене. Станав шампион на ВБО во крузер категорија кога го победив Кшиштоф Гловацки. Во последните седум години собирам светски титули ширум светот. И сега ги бранам во Полска. Ви благодарам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО