Андреа Нисева и Олимпија го прославија бронзениот медал од ЕП

Андреа Нисева на Европското првенство во У-15 во Капошвар, Унгарија, освои златен медал откако во финалето славеше над Јулија Гибалска од Полска.

Денес БК Олимпија од Штип го одбележа големиот успех на талентираната и надежна борачка Андреа Нисева.

Но, за жал, и во оваа прилика ќе констатитарме дека Андреа мораше талентот да го покаже под знамето на соседна Бугарија, така Македонија е лишена за еден голем успех.

Ќе потсетиме дека Нисева од штипска Олимпија настапува за Бугарија, поради суспензијата на клубот и недоразбирањата со нашата федерација.

Од Олимпија во оваа прилика истакнаа дека во самостојна Македонија Андреа Нисева е најголем промотор на женското борење со две балкански титули и бронзена на Европското првенство.

Прославата ја увеличаа многу гости, а меѓу нив беше и олимпискиот медалист Шабан Сеиди.

Резултати на ЕП:

54 кг
Андреа Нисева (Бугарија) – Бегум Дикиџи (Турција) 12-7
Андреа Нисева (Бугарија) – Миранда Капанадѕе (Грузија) 1-4
Репасаж
Андреа Нисева (Бугарија) – Полина Посохова (Независна) 7-0
За бронза
Андреа Нисева (Бугарија) – Јулија Гибалска (Полска) 4-4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО