Александар Усик дебитира на 12 октомври во тешка категорија

Поранешниот неспорен шампион во лесна категорија Александр Усик конечно ќе го направи своето деби во тешка категорија. Тоа ќе се случи на 12 октомври во Чикаго.

Усик (16-0, 12 КО) се очекува да се бори против 38-годишниот Карлос Такам (36-5-1, 28 КО) во првата битка во тешка категорија. Победата во оваа битка ќе му овозможи на Усик да се бори против победникот од мечот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз, кои ќе се борат во декември. 32-годишниот Усик сега е задолжителен предизвикувач во тешка категорија на ВБО.

Усик има скор 16-0 и последен пат ја одбрани титулата минатиот ноември со нокаут над Тони Белју. Такам пак загуби две од последните три борби, откако беше нокаутиран од Jошуа и Чисора. Во неговата последна борба, Карлос победи со нокаут над Сенад Гаши минатиот декември. Тие со Усик требаше да се борат пред неколку месеци, но тогаш Александр се повреди и сè тргна наопаку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО