Александар Шлеменко со гилотина го совлада Алекс Оливеира на СФЦ 8 (ВИДЕО)

На 21 јули, Омск беше домаќин на турнирот Шлеменко фајтинг чемпионшип 8.

Во главната борба на вечерта рускиот борец Александар Шлеменко се соочи со поранешниот борец на УФЦ, Алекс Оливеира. Борбата заврши со победа на рускиот борец со гилотина во првата рунда. Со оваа победа 39-годишниот Шлеменко ја прекина серијата од 2 последователни порази.

Оваа победа беше негова прва по 2 години. Александар сега има скор од 62-15-1-1 во ММА. 35-годишниот Оливеира пак им се врати на поразите. „Каубојот“ победи на само 3 од неговите последни 10 ММА борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON