Александар Ракиќ сака борба против Ентони Смит, а предложи и датум за можната борба

Српскиот борец со австриски пасош, Александар Ракиќ, го победи Тијаго Сантос со едногласна одлука на судиите во март и изрази желба да се бори за титулата во полутешка категорија.

Но, неколку недели подоцна, по нокаутот против Доминик Рејес, Чехот Јиржи Прохаска го прескокна Ракиќ на листата на предизвикувачите и доби можност да биде резерва на средбата за шампионскиот појас помеѓу Јан Блахович и Гловер Тешеира што ќе се одржи на 30 октомври во Абу Даби.

Александар веќе шест месеци е без борба, но и без противник. Сепак, по неодамнешната победа против Рајан Спан, Ентони Смит го прозва српскиот борец, кој преку Твитер одговори: „Слободен сум во декември“.

„Дедо Мраз доаѓа. Никој не ми се јави, освен Смит и го почитувам тоа, но сепак чекам. По нашиот натпревар, тој освои три, но мора да внимава на своите желби. Ако УФЦ го сака тој меч, можеме да се бориме на 18 -ти декември. После тоа ќе се борам за титулата“, Александар Ракиќ го претстави својот план и продолжи:

„Смит напредуваше од нашата борба. Кога ми се јави тоа беше нешто ново за мене и затоа ми се допаѓа. И датумот на судирот ми одговара, навистина би сакал да ја завршам годината. Тој настан се уште нема голема борба. А тој потврди дека ќе биде подготвен до тој датум“.

Ракиќ не можеше да ја добие борбата против Прохаска, но сепак истакнува дека сака борба за титулата. Но, најважно за него е дека сака да остане активен и еден ден да ја нападне титулата.

„Борбата за титулата е на 30 октомври и не знам колку ќе одмори шампионот после тоа. УФЦ веројатно веќе мисли дека Јиржи ќе биде следниот предизвикувач, а јас сакам да останам активен“, рече Александар Ракиќ и заклучи:

„Промоцијата го турка Јиржи, иако има само две победи во УФЦ. Имам седум од нив и доаѓа моето време. Тој е притиснат како Мајкл Чендлер кој се бореше за титулата по една борба. Ќе помине како некои други борци како Волкан Оездемир или Џони Вокер. Ги турна УФЦ, а кога загубија тогаш сите заборавија на нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО