Александар Поветкин: Веднаш сакам средба со Џошуа

Александар Поветкин (34-1, 24 KO) е задолжителен предизвикувач за ВБА и ВБО титулите во текша категорија. Тоа е и причината во следната средба да се бори со Ентони Џошуа – носителот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите.

Сите други понуди за борба, едноставно, не го интересираат.

„Јас сум задолжителниот предизвикувач на Џошуа. Го очекувам моментот кога ќе можам да се соочам со најдобриот во светот. Сега тој има 4 појаси. Го сакам овој дуел, дури и не размислувам за средби со други боксери“.

Пред неколку дена од ВБА ги повикаа Џошуа и Поветкин да се договорат во рок од 30 дена пред тие да се замешаат.

Пред две недели Поветкин го нокаутира Британецот Дејвид Прајс во петата рунда.

Според многумина, оваа борба беше најимпресивена. И да се има на ум дека Џошуа и ВБО шампионот Џозеф Паркер се сретнаа истата вечер.

Како што веќе се пишувавме, тренерот на Поветкин не гледа смисла неговиот боксер да се бори со друг, освен со Џошуа:

„Александар се борелл со многу елини противници. Се зборуваше дека Дејвид Прјас и Карлос Такам ќе бидат последните препреки пред да се бори за титулата. Веќе извесно време е кандидат број еден, а беше принуден да се соочи со исклучително сериозен противник во лицето на Прајс. Сепак, Александар се согласи, иако многумина на негово место најверојатно би се откажале, бидејќи не би сакале да ризикуваат сè“.

„Славеше против Прајс и сакаат да го изведат во дуел против Дилиен Вајт наместо против Џошуа. Сепак, не гледам смисла во тоа. Како и да е, одлуката е во рацете на Александар и неговиот промотор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО