Александар Најдовски – Сканта: Битола е боксерски град, очекувам полни трибини!

Претседателот на БК Пелистер, Александар Најдовски – Сканта, вели дека се е подготвено за утрешниот старт на Првата и Младинската бокс лига на Македонија.

Минатата година боксерите од Битола настапуваа за Пинк Пантер од Штип и имаа забележителни резултати, а сега ќе настапуваат за Пелистер и се очекува Денис Мауремовски, Оран Шакировски, Никола Бубевски, Александар Најдовски и другите да и носат радост на битолската публика.

Да посетиме дека минатата година на Држваното првенство во салата Младост имаше неколку илјади навивачи, нешто што одамна се немаше случено во боксот.

„Битола е боксерски град, затоа очекуваме полни трибини“, истакнува Најдовски.

Борбите почнуваат во 15 часот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО