Александар Македонски Волкановски пред голема борба со Дарен Елкинс на УФЦ

Уште една голема битка се подготвува за настанот во Боиз на 14 јули. УФЦ сака да се сретнат Дарен Елкинс и нашиот Александар Волкановски, кои се во голема серија на победи.

Дарен Елкинс е во серија од 6 последователни победи, со последните неколку победи заработи и бонуси, а последниот беше во јануари за сабмитнувањето на Мајкл Џонсон.

Александар Волкановски е во серија од 14 последователни победи и не е поразен веќе 5 години. Во УФЦ има рекорд 4-0 и во последната борба во февруараи го нокаутира Џереми Кенеди.

Попупларниот Александар Македонски Волкановски на Фејсбук објави дека е потпишан договор за оваа пресметка. Волакановски при последната победа побара да му дадат некој од водечките борци во категоријата, истакнувајќи дека е време да се вмеша во врвот и да дојде до борба за титулата.

Александар е по потекло од Битола, а живее во Австралија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО