Александар Емилијаненко и во затвор се свршил

aleksandar emilijanenko

Рускиот ММА тешкаш Александар Емилијаненко се сврши во затворот, каде што го чека судењето за силувањена Полина Степанова.

Контроверзниот Александар, кој дел од неговата кариера ја помина во Прајд, на јавноста е попознат поради крвното сродство со Федор Емилијаненко.Моментално во затвор го чека судењето за силување. Но, тоа не го спречи да се сврши со неговата девојка. Емилијаненко преку неговиот адвокат побарал од затворските власти да му дозволат да се венча во затворот. Наводно, Александар ја запросил Паулина, неговата девојка.

Алекс ( 23-7), ако биде прогласен за виновен, ќе биде осуден на 4-6 години затвор. Степанова го обвинува дека тој сексуално ја малтретирал, насилно ја дрогирал и и ги одзел нејзините лични документи. Неколку месеци и требаа на руските власти да го доведат пред лицето на правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО