Александар Емилијаненко: Федор ќе го победи Тимоти Џонсон

Александар Емелијаненко верува дека Фeдор ќе може да се справи со Тимоти Џонсон. Александар вели дека неговиот постар брат секогаш влегува во кафезот за да победи. Во октомври, Федор ќе ја предводи дебитантската гала вечер на Белатор во Москва, Русија.

Негов противник ќе биде Тимоти Џонсон во тешка категорија. Емелијаненко не се бореше скоро две години и последен пат успеа да го нокаутира Квинтон Џексон во Јапонија.

Џонсон, пак, доаѓа по поразот од Валентин Молдавски, кој е штитеник на Федор. Емелијаненко секако добро ја проучуваше борбата на Џонсон за време на кампот на неговите ученици.

Во интервју за руските медиуми, Александар ја коментираше битката.

„Се разбира, Федор ќе може да го победи. Влегува во кафезот само за да победи. Друго прашање е во каква форма ќе биде до оваа битка.

Не знам како се подготвува и какви се неговите тренинг кампови. Ако е се како порано, тогаш нема да има никакви тешкотии“, рече Александар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО