Мек Грегор до Пориер: Ти го пробив черепот со 100 км/ч

Конор Мек Грегор и Дастин Пориер уште еднаш се зајадоа на социјалните мрежи. Пориер неодамна раскажа приказна во која учествувал во улична тепачка, но Конор не поверува во зборовите на неговиот ривал.

Мек Грегор напиша дека се сомнева во приказната, а Пориер го искара и објави фотографија од нивната втора борба. На фотографијата за која станува збор, Конор лежи на партер откако загуби со нокаут.

Ова очигледно ја налути големата ѕвезда на УФЦ и се наврати назад и се пофали дека го нокаутирал Пориер во нивната прва борба. Мек Грегор го скрши Пориер за помалку од 2 минути во 2014 година и одлучи да го потсети со следниот текст на социјалните мрежи:

„Да, пријателе, живеј во моментот. Истото ќе го сторам и јас. Јас бев причина твојата глава да отскокнува од подот како баксет. Твојата сопруга исто така. Се уште е во моите лични пораки.

Ти ги набив лактите во главата. Во мекиот дел од черепот кој никогаш не стврднува. Ти го прободев черепот со брзина од 100 км / ч. Заспа на мојот стомак“.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО