Олмписки шампион го уби убиецот на брат му

Златен олимписки медалист во џудо Зураб Звијадаури му одзеде животот на човекот што го уби нговиот брат. На Звијадаури му било дозволено да присуствува на погребот на брат му, но под полициска придружба. Тој е обвинет за убиство со умисла за време на престрелка во која загинаа три лица, меѓу кои и неговиот брат.

Во грузиското село Цинандали настана конфликт помеѓу братот на Звијадаури и друг човкл. Овој конфликт доведе до убиство на братот на Звијадаури, а тој одлучува да се одмазди.

Зураб го уби убиецот на брат му и беше уапсен по инцидентот во кој загинаа тројца од четворицата ранети. Сега се соочува со обвинение за убиство со умисла, кое предвидува казна затвор од 7 до 15 години.

Адвокатите на Звијадаури велат дека тој се обидел да го заштити својот брат и нивното семејство. Звијадаури е поранешен пратеник и освои златен медал на Игрите во Атина, прв за Грузија.

Зураб може да се пофали и со два сребрени медали од светски првенства, како и бронзен медал од Европското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО