Александар Димовски: Очекувам победа и да го освојам појасот на ВКУ!

Александар Димовски – Димса утре патува за Олтен, Швајцарија, каде што во сабота (12 мај) ќе се бори за појасот на ВКУ-Швајцарија на настанот Стори 6 против гостиварецот Сазан Мемеди во тешка категорија над 95 килограми по правилата на К-1.

„Континуирано сум во тренинг шест недели и добро сум подготвен за оваа борба. Oчекувам победа и да го освојам појасот на ВКУ“, вели Димовски и додава дека неколку месеци е во добра подготовка, при што имал и добри спаринзи со Урим Саити и други борци од Македонија.

Да потсетиме дека Димовски на 25 февруари извојува победа над Кристоф Нади од Унгарија со одлука на судиите на Фајт најт во Кросхал во Базел, Швајцарија.

На овој настан се очкува да настапат и други познати борци во кик-боксот, како Бени Османоски кој се бори со Јихед, потоа натпреварувачи од клубот на Урим Саити од Кичево и други.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО