Александар Ацевски: Очекував медал од Дамовски на ЕП, можеби не златен! (ФОТО)

david-damovski-so-trenerite

Давид Дамовски (-52 кг) стана европски шамипон за помлади кадети У-12 на Европското првенство во џиу џица за кадети и јуниори во Гелзенкирхен, Германија. До златниот медал Дамовски дојде по три победи над противниците од Германија и Шведска.

david-damovski-sampion-na-ep-vo-grmanija

„Добра подлога му беше Балканското првенство во Кипар пред една недела, но и едно големо искуство“, вели неговиот тренер и селектор Александар Ацевски и додава: „Очекувавме медал, можеби не златен, но со оглед на тоа колку и како работевме, очекував да освои еден од медалите“.

david-damovski-borba-ep

Крушата паѓа под крушата, затоа што личен тренер на Давид му е неговиот дедо Ѓоко Атанасов, шесткратен шампион на поранешна Југославија, така што двата медала за една недела не се изненадување. Бронзен на Балканското во Кипар и златен на ЕП.

„Сепак, два медала за една недела, апсолутно, е изнендување“, категоричен е Ацевски.

Инаку на ЕП во Гелзенкирхен на стадионот на ФК Шалке 04 се појавија 1.200 натпреварувачи на 14 борилишта со 100 судии. Интересна била трансформацијата на фудбалскиот терен, затоа што тревата автоматски се отстранувала.

arenata-salke-04-dziu-dzica

Ацевски вели величествената слика на стадионот ги покрила сите организациски пропусти, но и Германците ништо не препуштиле на случајност. Се било транспарентни и до минута точно. Жребувањето се направило транспарентно пред сите тренери.

Според селекторот на џиу џицу репрезентацијата, златниот медал на Дамовски на ЕП е потег што треба да го следат и другите натпреварувачи и тренери.

ace-go-griza-medalot-na-david

„Ова е многу значаен медал за џиу џица спортот во Македонија. И, секако, моја лична сатисфакција за понатамошна работа и признание за вложениот труд во изминатите 10 години“, истакнува Ацевски.

Следните активности на репрезентацијата се Меѓународните турнири во Темерин-Србија, на 14 октомври и на 22октомври во Сараево, Босна и Херцеговина,  акруна на сезоната ќе биде нан 5 ноември во Скопје на „Скопје опен 2016“.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО