Александар Ацевски лобираше за Балканското во џиу џица кај првиот човек Светската федерација

Изминатиот викенд претседателот на Македонската џиу џица Федерација, Алекасандар Ацевски, во Банско, Бугарија, имаше работна средба со претседателот на Светската џиу џица федерација, Панајодис Теодуропулос од Грција и спортскиот директор Јоаким Тумфарт од Германија.

„Целта на оваа сребда беше поднесување на нашата апликација за организирање на Балканско првенство во септември 2018 година во Македонија. Исто така на состанокот се зборуваше за џиу џицата и состојбите во Македонија, за Меѓународниот турнир „Скопје опен“ што седум пати во континуитет се организира во Скопје“, вели Ацевски и додава дека конечната одлука за тоа дали Македонија ќе добие можност за организирање на ваков голем настан ќе биде донесен во Бар, во септември оваа година.

Инаку Јоаким Тумфарт е еден од најдобрите тренери во светот и неговите семинари се договорени две години однапред. Од него е добиен првичен датум за семинар во нашата земја, а тоа би било во октомви годинава. Ацевски се надева дека еден ваков великан во боречките спортови конечно ќе го видиме и во Македонија.

„На состанокот свој придонес даде и спортскиот директор на Балканската федерација, Радислав Јовичиќ, кој беше во мониторинг на турнирот „Скопје опен 2016“, салата Борис Трајковски и неколку хотели каде што би биле сместени борците со својте делегации.

Притоа, лично од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, можеше да се увери за капацитетот на салата „Борис Трајковски“ и заложбата на Агенцијата да помогне во реализирање на ваков настан на кој присуствуваат преку 600 борци“, истакна претседателот на Македонската џиу џица федерација.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО