Биспинг за пресметката со ЖСП: Ги заслужувам тие пари

УФЦ официјално го објави дуелот меѓу шампионот во средна категорија Мајкл Биспинг и легендарниот Жорж Сент Пјер, кој се враќа во октагонот по неколкугодишно отсуство.

Сепак, и овој пат Биспинг доби некои критики, откако по втор пат по ред ги игнорира водечките кандидати во категоријата. Потсетуваме дека првата одбрана на титулата „The Count“ ја оствари против друг легендарниот борец – Дан Хендерсон.

Говорејќи во емисијата „УФЦ тунајт“, британскиот борец ги бранеше своите постапки, велејќи дека иницијатори на овој дуел се УФЦ и ЖСП, а не тој.

„Знам дека ќе има многу луѓе кои ќе ме критикуваат поради тоа. Ќе кажат дека морам да се борам со кандидатот №1 Јоел Ромеро. И, апсолутно се во право. Но, ако на моето место беа Ромеро, Рокхолд или некој од другите, зарем требаше да го одбие мечот со ЖСП? Зошто јас да го направам тогаш“?

„Ги заслужувам овие пари. Го заслужувам и овој меч. Но не станува збор само за парите, зборуваме и за заветот мој. Ги победував и Дан Хендерсон и Андерсон Силва. Сент Пјер е уште една легенда, чиј скалп сакам да го додадам во ризницата“.

„Пред една недела добив повик од Дана Вајт. Тој ми кажа дека Жорж сака да се бори со мене. Секако дека реков „да“. ЖСП е легенда. Имаше една од најдобрите, ако не и најдобра кариера во овој спорт. Долго време доминираше во својата категорија. Победил многумина, а докажано е дека е едно од најдобрите ППВ имиња во историјата на УФЦ. Би било лудо да го откажат овој меч“.

„Ме избра мене, бидејќи мисли дека може да ме победи. Пред многу време – пред 11 години, трениравме заедно. Неговата борба беше подобра од мојата. Сепак, тогаш бев само еден кикбоксер од Англија. Не знаев за што станува збор. Секој пат кога трениравме, тој ме добиваше на подот. Веројатно мисли дека се уште сум она момче кое го познава од порано“.

„Смета дека сум лесен противник. Ме избра токму мене по враќањето и качувањето во новата категорија. Го почитувам, но ако го победам, како што го направив тоа со и Дан Хендерсон, Андерсон Силва и Лук Рокхолд, ќе биде една голема неверојатна победа во мојата кариера. ЖСП е легенда, а ако го победам, тоа ќе биде уште една причина да се повлечам од спортот како среќен човек“, заврши Британецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО