АктуелноМеѓународна сценаММА

Алекс Волкановски против Кенеди за трета победа во УФЦ

Алекс Волкановски ќе се врати во октагонот на 19 ноември, кога ќе го сретне со непобедениот канадски борец Џереми Кенеди на УФЦ Фајт најт во Сиднеј.

Волкановски (15-1) е непоразен во двата настапи во УФЦ, а последната победа со едногласна одлука беше против јапонскиот ветеран Мицуто Хирота во јуни.

Оваа средба ќе биде дел од настанот  УФЦ Фајт најт на Кводс бенк Арена во Сиднеј кад ешто борба на вечерта е меѓу Хант и Тибура.

Поранешниот член на Варила грилас имаше импресивени настапи во УФЦ, Кенеди ќе биде можеби неговиот најтежок тест досега.

24-годишниот Канаѓанец исто така е непоразен во УФЦ, во јули забележа победа со едногласна одлука над Кајл Бочнијак.

Канаѓанецот никогаш не изгубил како професионалец, има совршен рекорд од 11-0 пред ноемврискиот напад.

Волкановски ќе се обиде да додаде уште една победа на победничката низа од 12 борби без пораз.

Борбата во лесна категорија е третата објавена на фајт картата, која брзо се пополнува со голем број локални натпреварувачи.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON