Најголемата светска ММА организација им понуди на љубителите на слободните борби уште еден фантастичен настан каде Алекс Переира стигна до титулата шампион во полутешка категорија.
На настанот УФЦ 295 во Њујорк, бразилскиот борец го победи Чехот Јиржи Прохаска со нокаут во втората рунда и го освои златниот појас, втор по титулата во средна категорија.
По триумфот, Переира го предизвика поранешниот шампион Израел Адесања на борба во полутешка категорија.
„По левото кроше следеше уште едно, а потоа ми падна на нозе. Мислам дека судијата не реши прерано да го прекине натпреварот. Овој појас е голема чест за мене“, изјави Алекс Переира, и откри против кого сака да се бори:
“Има еден човек кој во интервјуа рече дека ќе завршам да работам во кафеана. Тоа беше голема мотивација за мене. Неговите изјави ме оттурна од кафеаната и сега се вратив на тронот“.
Переира и Адесања досега имаа два ММА натпревари. Во ноември минатата година Бразилецот со прекин во петтата рунда го совлада Адесања, а во април годинава Изи возврати и го нокаутира Алекс.
Двајцата двапати се бореа во кик-бокс, а бразилскиот борец двата пати беше поуспешен.
„Рече дека сака да се врати на борбите дури во 2027 година и мислам дека треба да го искористи својот талент. Сакам да го спасам, сакам да направам нешто за него. Имаме долга историја. Адесања, дојди кај тато!“, подвлече Алекс Переира.
Но, Бразилецот сега има неколку одлични борци во полутешка категорија, а прв во низата би можел да биде поранешниот шампион Џамахал Хил.