Марија Димовска освои златен медал на „Бугарија опен“

Марија Димовска решителна и ефикасна во финалната борба со Јоана Јорданова од Бугарија на Меѓународниот кик бокс турнир „Бугарија опен“ во Козлудуј, славејќи со 3-0 и го освои златниот медал.

Димовска во полуфиналето ја совлада со прекин Емилија Емилова од Бугарија.

Ова беше втор медал за кибоксерите на Енерџи од Битола. Вчера Петар Лозановски го освои сребрениот медал.

Лозановски медалот го освои во лоу кик за момчиња од 11-12 година до 45 кг. Тој во финалето загуби на поени од Хајрудин Џозгуц од Црна Гора.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО