Ален Рустемовски стартуваше со победа на Европското бокс првенство во У-22 во Будва

Ален Рустемовски (57 кг) во првата борба на Европското бокс првенство во У-22 во Будва – Црна Гора славеше против Арманд Куристо Ковач од Унгарија со 5-0.

Утре нашите боксери се слободни.

Вториот наш боксер е Арјан Исени.

На шампионатот ќе настапуваат 320 боксери од 38 држави.

Боксерите ќе добијат и парични награди за освоените медали, но и за пласман во четвртфиналето.

За златен медал наградата е 8 000 американски долари, за сребрениот 4 000 и за бронзениот 2 000, додека за пласман во четвртфиналето се добива по 1 000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО